Книгата „Ретки птици“ од музичкиот новинар Ненад Георгиевски ќе биде промовирана вечерва во 19.30 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Книгата е издание на „Полица“, уредник е Милан Дамјаноски, со ликовно решение на Билјана Билбилоска. Книгата ќе ја промовираат уредникот Дамјаноски и Александра Јуруковска, а потоа ќе настапи џез гитаристот и професор Сашо Поповски.
Книгата е поделена на два дела: „Мелодии“ и „Зборови, слики и патувања“. Првиот дел содржи интервјуа со познати музички имиња како Рај Кудер, Збигњев Прајснер, Влатко Стефановски, Стив Ваи, Тереза Салгеиро, Бранко Николов („Фолтин“), Џон Апелгрен и многу други. Вториот дел, „Зборови, слики и патувања“, опфаќа разговори со уметници и креативци од различни области, вклучувајќи фотографи (Масајоши Сукита и Оливер Белопета), графички дизајнери (Зоран Кардула и Симон Калајџиев), поети (Бранко Николов – Пијан Славеј), сликарот Ване Костуранов, Владимир Мартиновски, режисерот Жарко Иванов, патопсиците Урош Крчадинац, публицистите Тони Димков и Александар Трајковски, Дана Сиљан, учител по таи чи, си-фу, како и менаџери и организатори од институции како саемот за фотографија Unseen и Музејот на Ван Гог во Амстердам. Посебно место зазема интервјуто со семејството на Жан Мишел Баскијат за изложбата „King Pleasure“, одржана во Њујорк во 2022 година.





