„Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски вечерва во 19 часот во Europe House во Крива Паланка ќе биде изведен проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија”.

Се работи за интердисциплинарен проект во развој: фузија на поезија, филм и музика. Идејата е да се реобмислиуметничко дело и да се создаве ново, во поинаква форма од оригиналното Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции. Проектот досега е изведен во неколку градови низ Македонија.

Проектот е поддржан од Европска Унија, а се реализира во организација на „Метрика Култура“.

Сподели