Реномирани македонски уметници продаваат дела за лекување на тригодишно девојче

Уметнички дела од Гоце Божурски, Синиша Кашавелски, Мирјана Крстева-Масети, Зоран Јакимовски, Кристина Божурска и многу други се дел од хуманитарната акција за лекување на тригодишната Теодосија Лазаревска. Музејот од Куманово во соработка со академски сликари организира хуманитарна преку online продажба на уметнички дела од наши реномирани уметници.

Продажбата ќе се реализира на следниот начин:

– Задолжителна резервација на делото со контакт телефон на уметникот (впишан под секоја слика);

– уплата директно на донаторска сметка;

210-501733077127 НЛБ Тутунска банка за Теодосија Лазаревска

– со доказ за извршена уплата приложена директно на уметникот, уметничкото дело може да се подигне.

Повеќе информации на 071 311 356 и на линкот.

Сподели