Пијанистот Ренато Кико, тапанарот Енди Вотсон, легенди на њујоршката џез сцена, во друштво на Националниот џез оркестар, не’ угостија минатата недела на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Светски настап сведочевме на две легенди кои уште во 90-тите години на 20 век се обликувале на њујоршката џез сцена. Диригент беше Џијан Емин.

Кико кој е роден близу Трст, не е прв пат во Скопје. Пред 30 години настапил во рамките на Скопскиот џез фестивал, а пред десетина години во Скопје настапил заедно со Душко Бојковиќ, еден од најпознатите музичари од Југославија, познат низ целиот свет и во Америка. Со него соработувал, а негов хит беше „Swinging Macedonia“. Го спомна и Бошко Петровиќ, кому му ја посвети композицијата што го носи неговото име, а ние можевме да уживаме во неа.

Беше изведена програма од албумот First Encounter – Organ & Big Band на Ренато Кико, во кој хамонд-оргулите се поставени во современ биг-бенд формат преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.
Заслужени аплаузи добија и џезерите што имаа соло-делници – Кирил Кузманов (саксафон), Сенад Усеин (труба), Иван Иванов (саксафон), Зоран Костадиновски (гитара).

Низ фотогалерија на Маја Аргакијева ви доловуваме дел од атмосферата на уште еден незаборавен концерт на Националниот џез оркестар.












