Рекорден број пријавени на стрип-конкурсот „Велес 2025“

Рекордни 396 автори од цел свет се пријавија на 22. Меѓународен салон за стрип „Велес 2025“. Од нив 164 се македонски автори. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири-комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајната стрип манифестација кај нас што ќе биде отворена на 20 август.

Според Томе Трајков, програм координатор на Стрип центарот на Македонија, надминувањето на ланската рекордна цифра се должи на континуираната активност како во, така и надвор од нашата земјаа. Освен докажани стрип мајстори многу радува откривањето на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на соработката со училиштата ширум државата, вклучено и ликовните педагози, но и со специјализирани едукативни студија. Скопје како метропола е солидно застапен но деметрополизацијата во делувањето на СЦМ исто така ги дава своите резултати .

Што се однесува до мегународните контакти, добра основа претставува и постојаната соработка со стрип сцената од поранешните Ју републики, но и комуникацијата со автори од Западен Балкан и други континенти.

Сподели