„Ишарет“ – рецитал на Дино Имери во Филхармонија

„Ишарет“ е насловен рециталот на Дино Имери кој ќе настапи на пијано вечерва во 20 часот во Филхармонија.

На програмата се: „Ноктурно“ од М. Де Фаља, „Песни и танци“ бр.1 и бр.3 од Ф. Момпу, „Млади девојки во градината“ од суитата „Сцени од детството“, „Благородни и сентиментални валцери“ и Alborada del gracioso од М. Равел, „Шпански валцер“ од Ж.Бизе/A. Володос и „Кармен“ варијации од Ж. Бизе/В. Хоровиц.

Сподели