Разговор со шпанската писателка Карла дe Ла Ла

Разговор со шпанската писателка Карла дe Ла Ла ќе се одржи денеска во 18 часот во Europe House Скопје. Настанот го организира амбасадата на Шпанија во нашата земја, заедно со Здружението на преведувачи и толкувачи и Групата за шпански јазик при Катедрата за романски јазици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

– Повелете заеднички да позборуваме за творештвото на Карла, за нејзиниот творечки процес, како и за процесот на преведување низ кој поминаа студентите од Групата за шпански јазик при Катедрата за романски јазици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – велат организаторите.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски/шпански/англиски.

Сподели