Работилница за деца „Правиме букви“

„Правиме букви“ е насловот на детската работилница која ќе ја раководи Небојша Гелевски-Бане, графички дизајнер и вљубеник во типографија и фонтови, а ќе се одржи вечерва во 17.30 часот во „Бруталиск“ во Скопје. Работилницата е бесплатна, но пријавувањето е задолжително на линкот.

Работилницата е структуирана во неколку категории и вежби. Децата ќе учат за историјата на типографија и писмо и први алатки и класификација на писма. Ќе имаат вежби со сечење со ножици букви од хартија, ќе склопуваат букви на шрафирани листови хартија, ќе цртаат букви. Работилницата се одржува во рамките на Малиот новогодишен „Темплум саем“, во рамките на проектот „Да ти ја раскажам мојата приказна: протек на европски книжевни дела за млади“ кофинансиран од ЕАЦЕА преку програмата „Креативна Европа“.

Повеќе информации на линкот.

Сподели