Во „Галеријата 22“ при Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, вечерва во 18 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Живка Величковска. Таа ќе се претстави со нејзината омилена тема – цвеќе. Со изложбата Величковска сака да ги инспирира и поттикне сите креативни луѓе, без разлика на возраста и образованието, да ја искажат и покажат својата креативност во областа на уметноста и рачната работа.
Живка Величковска е родена во 1954 година во Куманово. Таа е дипломиран економист. Од 2019 година како пензионер се занимава со рачна изработка на украсни предмети од гипс, глина, хартија, со рециклирање и декупаж техники. Воедно и слика и користи различни техники, мотиви и бои. Претежно акрил и темпера на различни подлоги. Досега учествувала на две групни изложби на „Самоуки“ кои традиционално се одржуваат во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.





