Прва групна изложба на дела од конзерватори-уметници

„Ние сме група“ е насловот на првата групна изложба на дела од конзерватори-уметници која утре во 12 часот ќе биде отворена во Музејот на Македонија. Изложбата ќе ја отвори историчарот на уметност Валентино Димитровски. Со свои дела ќе се претстават: Дафинка Балабанова-Алексова, Ема Петрова, Ивона Тричковска, Емилија Лазаревска, Страхил Петровски, Ангелина Поповска, Валентина Поцеска, Владо Муковски, Андреј Анастасов-Даскаловски, Орхан Османи, Зарије Амдиу-Реџепи, Фјола Конџели-Нуредини, Виктор Лазаревски, Глигорчо Мукаетов о Виктор Ирвин Иванов.

Сподели