По сто години е пронајдоа оригиналната завеса од Народен театар Битола, која беше поставена позади актерите за време на прес-конференцијата што се одржа минатата недела, а во чест на соопштувањето на програмата за годинава и најавата на премиерата на претставата „Пинокио“. Директорот Васко Мавровски објасни дека завесата била донирана од српската кралица во 19126 година, во вреем кога театарот се води како Битолски градски театар.
– Истражувавме, пронајдовме фотографии и станува збор за истата завеса. Вложивме голем напор да ја најдеме, бидејќи првата претстава на македонски јазик „Ѓоре Магаревски“ се одвивала со оваа црвена завеса зад нас. Еве точно на стогодишнината откако оваа завеса пристигнала во Битола, по некаква случајност, кога некогаш некои работи треба да се случат, се случуваат, успеавме да ја откриеме – рече Мавровски.
Тој објасни што се знае за оваа завеса и зошто е симболиката важна.
-Во 1944-та кога бугарскиот фашистички окупатор го напушта градот и нивниот Окружен театар, којшто работел во зградата на Народен театар Битола, го пали театарот и еден од сценските работници во тоа време, дедо на наш веќе пензиониран сценски работник, влегува во театарот и успева да ја спаси единствено оваа завеса зад нас. Се гледаат орнаменти, делот на партизаните, делот на српската круна, кралска и така натаму, но бидејќи беа против монархијата, везот е изваден. Оставени се само овие два ловорови венци, коишто претставуваат награда за уметниците – дообјаснува Мавровски.





