Групата „Меморија“ денеска во 13.30 часот во амфитеатарот на Универзитетот „Скопје“, ќе го промовира албумот „Меморија 2024 Live“. По еден од најдобрите концертни спектакли во македонската рок историја, кој лани легендарната македонска група „Меморија“ одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, бендот реши целиот материјал да го издаде на носач на звук во вид на жив албум. Станува збор за двоен формат – ЛП плоча и цеде. „Меморија“ издадоа троен албум насловен „Меморија 2024 Live“, сместен на три ЛП плочи. На него е ставени 21 песна изведени од бендот, колку што е капацитетот на ЛП-форматот, воопшто, додека двојното цеде содржи 25 песни од целиот концерт и во него се вклучени и изведбите на специјалните гости на концертот.
Музички продуценти на албумот се Мите Димовски и Давор Јордановски, а тон мајстор е Евгениј Каревски. Извршната продукција ја потпишуваат Бошко Мангаровски и Христина Георгиевска, која е автор и на графичкото решение. Албумот е произведен во DADAC – SONY во Австрија и е издание на КЛС – продукција. Печатен е во лимитиран број на примероци, од кој речиси веднаш целиот тираж е распродаден.





