Промоција на првиот самостоен албум на Горан Таневски под наслов Ascend („Вознес“) ќе се одржи вечерва во 20.30 часот во клубот „Калинка“ во Прилеп. Ќе бидат прикажани видеоспотови од истоимениот албум, надополнети со вокална интерпретација во живо на дел од нумерите.
Во рамките на вечерта ќе се одржи и разговор за неговото творештво и вокал кој ја смени македонската музика со групата „Мизар“ во 80-тите години. Таневски ќе биде присутен цела вечер и достапен за публиката.





