Промоција на „Од личност до маска – за новата ‘нормалност’“ – книга на Влатко Деловски

„Од личност до маска – за новата ‘нормалност’“ е насловот на првата книга на Влатко Деловски, која ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во книжарницата „Или-Или“ во Скопје. За книгата ќе зборува проф. д-р Дејан Донев.

-Да, вистинска книга. Со корица. И букви. И страници. Неколку дури и имаат смисла. Доколку сте љубител на (философија, есеистика, личности и маски), ова е за вас. А ако не сте — купете ја за подметач за кафе со локум. Таман е форматот А6 за тоа. На располагање е и во ограничен тираж 200 — затоа што никој не купува книги. Во случај да ја купите: благословени да сте! Во случај да ја прочитате: херои сте. Во случај да ја разберете: ве молам, објаснете ми и мене – вели шегобијно авторот во поканата за промоцијата.

Промоцијата ќе ја збогати „Второ колено“ – во состав Дејан Петровиќ, вокал и гитара и Пеце Трајковски (Брада) на перкусии и хармоника.

Сподели