Промоција на „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски во Сплит

Во Градската книжарница „Марко Марулиќ“ во Сплит вечерва во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски.

– Патриотизмот на денешницата нужно побарува квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето, истовремено, освојување на европските и светските уметнички сцени, европските и светските спортски мундијали, изградување општествени, економски и политички релации со светот кои значат вклучување во светскиот крвоток, но не претопувајќи во масата, ами со зачувана индивидуалност и интегритет, збогатувајќи го тој крвоток со свој печат – пишува во извадокот од книгата.

Сподели