Промоција на културниот туризам и материјалното наследство во Гостиварско (ВИДЕО)

Здружението Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина „Полог“ од Гостивар изработи видео материјал во која се опфатени три гостиварски села кои се спој на традиционалното и современото, културното и историското, како дел од проектот „Платформа за културно односи: Културата и традициите во Гостивар“.

– Документирањето на автентичните, но и културни добра е само мал чекор кон нивна туристичка реализација во контекст на нивен одржлив територијален развој со што ќе се овозможи преквалификација во туристички локации од јавен карактер. Сите сметаме дека овој процес е непоходен за намалување на последиците од уништување на недвижните културни добра – вели Даниел Ѓорѓевски од Здружението Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина „Полог“ од Гостивар.

Проектот е реализиран во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Сподели