Промоција на „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски во Штип

Промоција на книгата „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски ќе се одржи вечерва во 19 часот во Домот на млади во Штип. Модератор е Даниела Станковска-Плачковска, а книгата ќе ја промовираат Марјан Гијовски, историчар и Марјан Патлиџанковски, книжевник.

– Со оглед на долгогодишниот ангажман на Јорданоски во институции кои се грижат за наследството, материјално и нематеријално, управуваат со него и креираат политики за негово функционирање во сите сфери на општествениот живот, оваа збирка негови текстови претставува ориентир кој треба да се консултира во сите натамошни обиди за сериозен дијалог во врска со културното наследство и неговата историска орбита. Како одличен познавач на легислативата, законите и актите кои се однесуваат на наследството во целина, музеологијата, музеолошките практики и заштитата, Јорданоски во оваа збирка текстови поставува круцијални прашања и дава насоки, сугестии, упатници и одговори кои ги прецизираат категоријалните одредници на културното наследство – велат организаторите.

Сподели