Промоција на книгата „Разбудена вода“ од Дијана Петкова и отворање на нејзината изложба на слики „Будна вода“ ќе се одржи вечерва во 20 во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Промотори се Елена Пренџова и Цветанка Бурзевска.
Петкова ќе се претстави со дваесеттина дела. Тематската изложба е инспирирана од природата, од водите, од нивното значење. Петкова е автор на повеќе стихозбирки, учествувала на повеќе групни изложби поврзани со тематика од глобално значење, особено со темите од областа на екологијата.





