Промоција на „Кинематографијата на другата Европа“ и на списанието „Кинопис“

Во Кинотеката на Македонија денеска на пладне ќе се одржи промоција на книгата „Кинематографијата на другата Европа“ на Дина Јорданова, како и на списаниетои „Кинопис“ бр. 61. Дина Јорданиова е филмолог и теоретичар на филмот од Бугарија, која живее и работи во Канада. Промотор на двете изданија ќе биде м-р Саша Станишиќ, филмски режисер и проучувач на филмот и Јане Алтипармаков, филмски режисер и автор.

На промоцијата, исто така ќе ѝ биде доделена и плакета на Илинденка Петрушева, доајен на филмската мисла и критика кај нас, по повод нејзиното прогласување за почесен уредник на списанието „Кинопис“.

Кинотеката во областа на издаваштвото во изминатата 2022 година реализираше три печатени изданија, што е своевиден зенит во издавачката дејност на оваа институција. Две од реализираните изданија – „Мојот последен здив“ (автобиографија на Луис Буњуел) и „Кинематографијата на другата Европа“ – се преводна стручна филмска литература, што е од големо значење за Кинотеката и за стручната филмска книжнина кај нас. Третото издание е стручно-теорискиот филмски труд „Иницијација и покајание“ на доц. д-р Атанас Чупоски, советник-филмолог во Кинотеката.

Сподели