Промоција на издавачката куќа „Илика“ во Охрид

Во кафе-барот „Шила“ во Охрид, утревечер во 18 часот ќ биде претставена издавачката куќа „Илика“, која својата работа ја започна пред помалку од две години со своја кафе-книжарница во центарот на Скопје. На настанот ќе учествуваат уредничката Катерина Шекутковска и поетесата Александра Спасеска, а модератор ќе биде Јордан Коцевски. Притоа, на настанот ќе бидат достапни за купување сите изданија на „Илика“.

Ќе се разговара за идејата зад издавачката и плановите за во иднина, концептот на издавање и постоењето на кафе-книжарницата, со посебен акцент на одредени книги. Дел од разговорот, секако, ќе биде посветен и на збирката поезија
„Координати на болката“ од поетесата Александра Спасеска која излезе минатата година во издание на „Илика“.

Сподели