Второто издание на книгата „Емотивен талог“ на Ана Јовковска ќе биде промовирано вечерва во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Приказните од женската кујна, како што се наречени во поднасловот, веќе се докажан рецепт за вкусна проза. Уште од своето објавување во април, „Емотивен талог“ ја освои пошироката публика, велат од издавачот ТРИ. Оваа збирка од есеи допрва ќе ја добива својата вредност и доказ е дека македонската женска проза заслужува да биде ценета.
Ана Јовковска е научна истражувачка, магистер по културолошки студии, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност, докторандка по Културолошки студии и тренер по комуникациски вештини.





