Промоција на „Авантурите на Космонаутко“ во Куманово

Книгата „Авантурите на Космонаутко“ од Денис Јанкуловски ќе биде промовирана вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово „Авантурите на Космонаутко“ е првото прозно дело на Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко, а издавач е „Прозарт медиа“ од Скопје.
Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид-пандемијата, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж.

– За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Добитник е на наградата „Европеец на годината” за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија. Добитник е на наградата „Филантроп на годината” за 2021 година, доделена од Horus Macedonia.

Прогласен за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 година. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 година.

Сподели