Промоција на „Актерот и просторот“ од Деклан Донелан во Театар Комедија

Книгата „Актерот и просторот“ на легендарниот режисер Деклан Донелан, во негово лично присуство, ќе биде промовирана денеска во 12 часот во Театарот Комедија. Станува збор за капитално театролошко издание, што на македонски јазик го подготви и издава Театарот Комедија. Ова е уште едно од нивните театролошки изданија, со што ја збогатуваат македонската театролошка ризница, воопшто.

Преводот е на Бисера Бендевска, а промотор ќе биде Иван Додовски, редовен професор по критичка теорија и компаративна литература на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје.
Деклан Донелан и на Ник Ормерод се основачи на меѓународната театарска компанија „Чик бај Џоул“ и уметнички директори на компанијата. Во изминатите два дена тие одржаа работилница за театарски режисери.

Сподели