Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски.
Книгата е приказна за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Ова е прва промоција по освојувањето на Рациновото признание за 2023 година. Гости на промоцијата се Драган Мијалковски и Петар Мирчевски.





