Презентација и работилница посветена на филмското образование

На бродот „Армада“ во Охрид денеска во 18 часот ќе се одржи презентација и работилница посветена на филмското образование, како дел од европскиот проект „ФилмЕД“ (FilmED).

Целта на настанот е да поттикне отворена дискусија и размена на искуства на тема „Филмот како образовна алатка во работата со млади и во училиштата“ во Македонија и поширокиот регион.

Презентацијата е во рамките на „Бич филм фестивал“, а ја организира Кинотеката на Македонија во соработка со Гете-Институт од Скопје. Во рамки на презентацијата ќе се одржи и разговор со гости на фестивалот и експерти од областа на филмското образование, кои ќе споделат примери на добри практики, предизвици и потенцијали за интегрирање на филмот во формалното и неформалното образование.

Сподели