На големата сцена на Народно позориште во Сараево вечерва во 19.30 часот ќе биде изведена претставата „12“, адаптација на култното дело на Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов. Гостувањето е дел од балканската турнеја, што започна во Подгорица, каде беа изведени „12“ и „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин.
Сараевската публика ќе ја проследи драмата изведена од врвна актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.
„Народен пратеник“ синоќа беше изведена во Сараево. Претставата ја освои публиката која со долги аплаузи и овации ја награди извонредната актерска екипа.





