Прескокни ги врските, не редот! – скеч на „Види Вака“ со Дритон Вејсели

Скечот „Само да прашам“ во продукција на „Види Вака“ е дел од серијата на три приказни за апсурдностите во здравствените и општествените лавиринти кои доведуваат до оправдување на врските или до немање пристап до примарно и секундарно здравство.

„Само да прашам“ својата премиера ја имаше на социјалните мрежи на каналите на „Види Вака“. Скечот има за цел да испрати силна порака за одговорноста на институциите при корумпирање на системот, дека за нештото да функционира со врски, некој мора од институциите тоа да го поттикне, прифати или оправда.

Скечот „Само да прашам“ е комплетно самостојна продукција на „Види Вака“. Во видеото глуми актерот Дритон Вејсели и голем број статисти. Режисер е Ханис Багашов, а директор на фотографија е Феjми Даут,
кинематографот на документарниот филм „Медена Земја“. Сценарист на приказната е Георги Унковски.

Сподели