Премиера на третиот краток филм за „Старо Скопје“ насловен „Човек – Лав стори“ на Катерина Габунија вечерва во 20 часот ќе биде одржана во Кинотеката на Македонија.
Монтажата и дигитализацијата се на Александар Трајковски. Третиот дел од серијалот филмови за Скопје и скопјани претставува колаж од дигитализирани 8-милиметарски филмски ленти, чии протагонисти се граѓаните на Скопје.
Носител на проектот е „Вардар филм – Скопје“, поддржан од Град Скопје, а реализиран во соработка со Кинотеката на Македонија. Влезот е бесплатен.





