На сцената на Тетовскиот театар вечерва и утревечер е закажана премиерата на претставата „Тартиф“ според Молиер, во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Молиер е еден од најзначајните автори на класичната дранатургија и е голем зафат за целата екипа, вели режисерот Цветановски. Оваа претстава се работеше во интензивен процес кој изобилуваше со креативност и добра енергија. Во насловната улога настапува: Ѓорѓи Нешкоски, Петрит Незири, Миа Кантарџиева – Петровска, Марија Цветановска, Марко Богдановски, Арѓенд Хасани, Ирена Мирческа, Абдула Османи, Берат Салиу и Шкумбин Зеќири.
Сценографијата на претставата е на Сергеј Светозарев, костимите – дело на Медина Хоџа, додека музиката ја создаде Димитар Андоновски. Претставата изобилува со визуелни слики и емотивни конфликти меѓу ликовите.

Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе. И така се во круг, вели Цветановски.
– Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија? – изјави режисерот Цветановски.
Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.





