Премиера на „Разбуди се Тина“ за крај на Деновите на комедијата во Куманово

Претставата „Разбуди се Тина“ во режија на Драгана Таневска, ќе ја има својата премиера вечерва во 20 часот, на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Со премиерата ќе бидат затворени Деновите на комедија. Комедијата е работена според текстот на Милан Ѓуриќ, а игра поголемиот дел од кумановскиот театар. Ова е трета соработка со Таневска за кумановскиот театар, а влезниците за премиерата и за првата реприза се веќе распродадени, рече Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура.

За Таневска, процесот бил исклучително добар, бидејќи и претходно соработувала со актерите.

– Кога желбите не можат да бидат во склад со околностите, секој од нас се обидува да го промени. Еден среќен брак доаѓа во состојба на искушение, поради потребата на партнерот да влезе во светот на непознатото поради забава со другарите, кога Тина заспива, рече Таневска.

Марко Трајковиќ

Продуцентката Симона Тоскиќ кажа дека ова е претстава која без сомнение ќе изнуди солзи од смеење. Станува збор за комедија на ситуации. Улогите ги толкуваат: Марко Трајковиќ, Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски, Владанка Крстевски, Сања Русеска, Владо Дојчиноски, Анастасија Трајковиќ, Мишо Димитријевски, Александра Михајловска Величковски.

Жарко Јовановиќ

– Очекуваме да се игра наредните десет години, иако процесот не е баш така лесен како што кажаа колегите. Најмалото невнимание на една сцена влијаеше врз наредните четири до пет. Секако, задоволни сме од резултатот и очекуваме да предизвика внимание и кај сегашните и идните генерации, рече актерот Трајковиќ.

Сценограф е Крсто Богојевски, костимограф Дарко Илиевски.

Фото: Театар Куманово

Сподели