Премиера на претставата „Деца на светот“ во режија на Васил Михаил во Струмица

Претставата „Деца на светот“ од познатиот бугарски писател Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Станува збор за тажна комедија, чиј текст на македонски го преведе Коста Ангов. Улогите ги толкуваат: Оливера Аризанова-Мансбарт, Коста Ангов и Анкица Бенинова.

Сценографијата и плакатот се на Никола Пијанманов, костимите на Ванчо Василев, музички соработник е Боби Ѓошиќ, а драматург Ацо Гогов. Инаку, ова е второ поставување на текст од Стефан Цанев на сцената на струмичкиот театар. Во далечната 1999 година била прикажана претставата „Последната ноќ на Сократ“ според истоимениот текст на Стефан Цанев, а во режија на Љубиша Георгиевски.

Сподели