Премиера на „Поткровје“ во режија на Александар Ивановски на сцената на МНТ

Претставата „Поткровје“ работена според текстот „Цената“ од Артур Милер, во режија на Александар Ивановски, ќе биде премиерно изведена утревечер во 20 часот на малата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје. „Поткровје“ е претстава што ја истражува цената на одлуките, одговорноста што ја имаме кон себе и кон семејството и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.

Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.

Според режисерот Ивановски, „сè е прашање на гледна точка и ако не можете да ја разберете гледната точка, тогаш невозможно е да ја разберете цената.”

Следната изведба ќе биде закажана во текот на јануари 2024 година. Билетите ќе бидат достапни онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата во МНТ.

Сподели