Филмот „Љубовната соба” во режија на Сузана Диневски ќе се одржи утревечер во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ е селектиран за учество во официјална категорија на над 20 меѓународни филмски фестивали со бројни номинации и освоени две награди за најдобар документарен филм.
Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД „Идризово“. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во затворот „Идризово“ и ефектите што тој ги има врз нив.
Љубовната соба“ кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, а продуцент е „Сузи Кју продукција“. Извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во копродукција со „Авард филм и видео“. Директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Горан Вуќиќ, автор на музиката е Дуке Бојаџиев, менаџер на продукција е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски и дизајнер на звук е Игор Поповски.





