Филмот „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова, заедно со пет други филмови од програмата на 44. Каиро филм фестивал, беа забранети да се прикажуваат за поширока публика. Филмовите имаа проекции исклучиво пред новинарска и критичарска публика, но не им било дозволено да ги гледа публиката, објави „Ал Џезира“. Забраните фрлија контроверзија кон големиот фестивал од А-категорија, па реакциите се движат од гнев до изненадување.
Забраната дошла од Централната администрација за цензура на уметничките дела, која треба да даде дозвола за генерална дистрибуција и „Преекспонирано“, заедно со останатите филмови кои беа во различни категории, се класифицирани како несоодветни за возрасните групи специфициирани според правилата за цензура.
И минатата година се сведочеше за сличен настан, кога либанскиот документарен филм „Фијаско“ на режисерот Никола Кури беше прикажан во програмата „Хоризонти на арапската кинематографија“ само за претставниците на медумите, без публиката.
Филмот на Венинова се фокусираа на брачна двојка што живее среќно, но за време на дејството се открива дека има проблем во семејството. Филмот има и ЛГБТ елементи.
– Навистина сме малку изненадени од она што го прочитавме. На самата премиера салата беше исполнета и бевме доста задоволни од посетеноста и одзивот, имајќи превид дека нашата премиера се поклопи со отворањето на Светското првенство во Катар. Добивме многу прашања и имаше позитивни реакции, но гледано од оваа точка, повеќето од присутните носеа беџови со акредитации или ни се претставија како новинари – вели продуцентот Гоце Кралевски од DNF.
Од една стана сум благодарна на селекторот на фестивалот што не поканија да учествуваме и тоа во официална конкуренција, но фактот што нашиот филм не бил достапен за љубителите на филмот ми остава навистина горчливо чувство, изјави Елеонора Венинива.
– Очигледно од фестивалот презеле ризик да поканат филмови кои третираат теми кои се контроверзни во тоа општество, но на крај последниот збор го имал Комитетот за цензура на Египет. Мислам дека за нив е спорен начинот на кој го третирам бракот и сексуалноста на ликовите во филмот,“ вели Венинова.
Во филмот играат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска.
Освен „Преекспонирано“, забранети за публика од интернационалната компетиција е и „Нешто што кажа минатата вечер“ (Something you said last night) на Луис Филипс, филм што се соочува со криза на писателка кој страна од конфликти помеѓу својата желба да биде независна во независна или да живее со своето семејство, како и I Have Electric Dreams на Валентина Морел, пакистанскиот Joy Land на Саим Садик, канадскиот The young arsonists, во режија на Шејла Б. Исто така забранет е и филмот Glimpse RMN на Кристијан Мунѓи.





