Предновогодишна размена на употребени, но сочувани нешта ќе се одржи в сабота од 15 до 17 часот во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје. Може да се разменува зимска облека, книги и додатоци: палта, џемпери, туники, панталони, јакни, капути, шалови, ракавици, капи, ташни, торби и по некое парче накит. Организатори се платформата „Второ азно“.
Правила за учество:
– Носите неколку парчиња зимска облека и модни додатоци кои веќе не ви се потребни. Секое парче мора да биде во уредна, чиста и употреблива состојба.
– Ги оставате во соодветните категории во просторијата.
– Ги разгледувате парчињата од останатите учесници, си муабетите со чај, кафе и топол напиток.
– Можете да земете нешто иако не сте донеле ништо. Нема ограничување во бројот на земени парчиња.
– За донесените книги добивате купони за размена. Земате онолку книги колку што сте донеле.
Размената не е од донаторски карактер. Оставањето ќесиња облека за донација нема да биде прифатено.





