Предавање на Весна Малјановска на тема „Танцот во телевизискиот медиум“

Факултетот за музичка уметност од Скопје ги најавува предавањето на м-р Весна Малјановска што ќе се одржи вечерва во 18 часот на малата сцена на ФМУ на тема „Танцот во телевизискиот медиум“. Настанот е во рамките на Циклусот отворени предавања на ФМУ.
Малјановска е уредник во редакцијата за култура во Македонската телевизија, а во нејзиниот телевизиски опус се евидентирани 475 емисии од областа на класичната музика, како и 70 музичко-документарни емисии, од кои 50 се посветени на творечкиот пат на истакнати музички дејци и важни јубилеи на македонските музички институции како СОКОМ и Охридско лето.
Таа е активен учесник на домашни и меѓународни конференции со трудови од областа на Македонската телевизиска музика и визуелизацијата на музиката, авторка на книгите Музички екран (2011), Песни без зборови (2017) и продуцент на ЦД Приспивни., м-р Весна Малјановска е наш драг алумни и секогаш добредојдена на ФМУ – Скопје.

Сподели