„Моќта на сувата игла“ е насловот на предавањето на професорот Димитар Малиданов кое ќе се одржи денеска во 12.30 часот во Сули ан во Старата скопска чаршија. Малиданов е еден од најистакнатите претставници на современата македонска ликовна уметност и поранешен професор на Катедрата за графика при Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Роден е во 1946 ггодина во Саракиново, Воденско, Грција. Дипломирал сликарство на Академија за ликовна уметност, Љубљана во 1972, каде магистрирал, но на одделот за графика три фодини подоцна. Специјализира литографија на E.N.S. Beaux Arts во Париз. Реализирал студиски престои во Париз, Москва и во Дрезден. Автор е на многу самостојни изложби, а учествувал на многу групни претставувања. За неговото творештво многупати бил наградуван.
Академик Георги Старделов за него напишал дека го обликува просторот на својот графички експонат всредсредувајќи се врз јатката на облиците, кои се кај него органски проникнати со множество неозначувачки линии и плохи.
– Неговиот графички лист не е реалистичен, наративен, илустративен или антропоморфен. Тој поседува нешто археолошко, нешто ембрионално, нешто прародителско. Во неговите графики, на целата поврвнина на листот, доминантна е секогаш една оригинална ликовност која не е во унисон со традиционалната и вообичаена глетка и перспектива, бидејќи е антигенеалошки третирана. Малиданов трага по нешто битно што било, но што исчезнала и се изгубило во природата и историјата, но притоа останало во нас да тлее како призвук на едно меланхолично сеќавање што, инаку, го среќаваме во секој еден хербариум како жал по она што било па исчезнала , како жал за убавината што била пa свенала – вели Старделов.
Иако во неговите графики доминира апстрактната форма, таа е, меѓутоа, кај него со таинствени nредметни назнаки. Поради тоа неговата графика бара од нас да нурнеме во неа и зад неа, во нејзиниот метасвет, во нејзината потсвест, т.е. во духот на ликовниот свет од кој зрачи некоја неодгатлива мистерија. Се должи тоа на фактот што Малиданов не трага по предметот таков каков што е, туку по неговите архетиnски знаци. Неговата графика, според тоа, не е мимеза на предметниот свет, туку негова ликовна егзегеза, односно негово ново оживување во просторот меѓу предметите. Така тој доаѓа до необикновување на универзумот на графиката, до нејзиниот имагинативен и надреален вознес при што кај него надреал ното е секогаш длабоко вкоренето и содржано во реалното.
– Декомпонирајќи го риродниот предмет, Малиданов потем од неговите делови создава една нова форма во која nовеќе предметот не е во преден nлан, туку асоцијациите што тој ги разбудува во нас. Притоа, за него најважно од се е како да се избегне расплинатоста, како неговиот графички лист да се здобие со цврстина, густина и збитост. Во тоа, имено, ја гледам сушноста на неговата естетика на визуелноста која како црвена нишка се nровлекува низ целокупниот негов графички oпyc. На тој начин сите негови графички листови колку и различни во одделните фази, се надоврзуваат едни на други градејќи една ретка ликовна целина од која не може ништо да се истргне, а притоа да не се повреди целоста на неговата ликовна естетика – напишал Старделов.





