„Празничен шепот на крушевската чаршија“ од вечерва до Бадник

Новогодишната програма „Празничен шепот на крушевската чаршија“ ќе биде отворен вечерва во Крушево. До Бадник се планирани десетина денови исполнети со дневни и вечерни активности кои ќе ја оживеат крушевската чаршија и ќе ја претворат во сцена на отворено.

Концептот на „Празничен шепот на крушевската чаршија“ е замислен како спој на традицијата и уметноста, надополнет со богато новогодишно украсување на чаршијата, делумно изработено од природни материјали. Дрвени лампиони со зимски илустрации, дрвени елки и новогодишни фигури, како и природни елки, создадени од крушевчани.

Чаршијата ќе понуди вистинско празнично доживување со измешани вкусови и мириси на традиционална храна, планински чај и варено вино, а истовремено посетителите ќе имаат можност да купат уникатни ракотворби и уметнички производи од локални креативци кои ќе бидат дел од Новогодишниот базар.

Сподели