Повеќе од 9000 луѓе го виделе вториот дел на „Дина“ во киното „Синеплекс“ во три недели прикажување. Ова е голем успех за еден филмски наслов, но и очекуван интерес, со оглед на светскиот успех и на популарноста и на првиот дел.
Филмот на Денис Вилнев не престанува да одушевува. Главните улоги ги толкуваат: Тимоте Шаламе, Флоренс Пју, Ребека Фергусон, Зендаја, Остин Батлер.
Пол Атреидис се обединува со Чани и Фременците додека е на воена патека на одмазда против заговорниците кои го уништија неговото семејство. Соочувајќи се со избор помеѓу љубовта на својот живот и судбината на познатиот универзум, тој се труди да спречи ужасна иднина што само тој може да ја предвиди.





