Изложбата „Помеѓу надеж и страв“ од Славица Јанешлиева отворена во Венеција

Во објектот Скуола деи Ланери во Венеција беше отворен Македонскиот павилјон на 60. Биенале на уметност. Делото на Славица Јанашлиева „Помеѓу надеж и страв“ (Inter Spem et Metum) во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот.

Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија, а комесар е Дита Старова-Ќерими, директорка на галеријата. Повеќе од 300 посетители ја виделе излоѓбата на денот на отворањето. Биеналето ќе биде отворено до ноември.

Фотографии: Роберт Јанкулоски

Сподели