Во книжарницата на „Полица“ во Скопје авторот Иван Антоновски денеска во два наврата ќе потпишува примероци од книгата за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна“ која беше промовирана во саботата. Поради големиот интерес, од 12 до 14 часот и од 18 до 20 часот заинтересираните читатели ќе можат да купат потпишан примерок и непосредно со Антоновски ќе може да разговараат за есеите на Горан Стефановски и за исчитувањето на неговата и нашата приказна.
На средбата со авторот добредојдени се и оние кои веќе ја имаат прочитано книгата. „Идентитетот е приказна“ е објавена од „Полица“ во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, по повод 70 години од раѓањето на големиот драмски автор и есеист.





