Уметницата Ивана Настески од Тетово е дел од говорниците што учествуваа во проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“. Низ 10 видео поткасти што ги изработи тимот на Умно.мк во изминатиот период, зборувавме за културата, љубовта кон уметноста во полошкиот крај, мултикултурниот живот и заедничка соработка.
Како наставничка по ликовна уметност, Ивана Настески се труди секојдневно преку уметноста да ги учи децата за љубовта кон природата, кон својата земја, кон учење и почитување на културата на другиот. За Настески, Шара е голема секојдневна инспирација за нејзините дела.
Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружение „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина“ – Полог Гостивар, и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обеднитетите нации (УНДП).
Проследете го целиот поткаст на следниот подолу.





