Најважно од сè е историчарот да биде објективен, иако историската наука не ви ја дава можноста да бидете тотално егзактни. Сепак, таа е пред сè општествено-хуманистичка наука или најточно – хуманистичка наука која се бави со минатото на човекот. Во зависност од тоа колку имате извори за определена појава, толкава е вашата објективност. Но, она што е недозволиво, при сите можни извори, да продолжите да ги толкувате работите ненаучно. Тоа е нездозволиво, и тука ние ја гледаме таа необјективност, вели историчарот Васко Гичевски од Битола. Тој е активен на повеќе полиња. Работи како наставник по историја, но со години пишува и објавува научни трудови, потесна специјалност му е османологијата, исклучително е активен во медиумите со свои ставови и колумни.
Гичевски е еден од тројцата автори на книгата „Гостивар за време на османлиското владеење“ заедно со Даниел Ѓорѓевски и Ерсин Дико. Тој е еден од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“. Низ 10 видео поткасти што ги изработи тимот на Умно.мк во изминатиот период, зборувавме за културата, љубовта кон уметноста во полошкиот крај, мултикултурниот живот и заедничките соработка.
Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обеднитетите нации (УНДП).





