Поткаст со археологот Сања Ивановска-Велкоска (ВИДЕО)

Евиденцијата на културното наследство во Македонија е една од главните активности на институциите што се бават со заштина на културното налседство. Националниот центар за конзервација како матична установа има надлежност и се грижи за заштитата на недвижното културно наследство. Оваа активност ја спроведуваме веќе триесетина години и со текот на годиниte и развојот на технологијата методите на работа стануваат модерни и во спрега со современието, вели д-р Сања Ивановска-Велкоска, археолог, советник-конзерватор во Националниот конзерваторски центар.

– Оваа активност која е наша законска должност последниве години ја спроведуваме во дигитална форма, а нашата главна задача е дигиталната евиденција на културното наследство. Ние се грижиме за евиденција на недвижното археолошко културно наследство. Тоа е обемен, огромен материјал на евидентирање, односно нотификација и препознавање на археолошки локалитети што се наоѓаат на територија на денешна Македонија. Националниот конзерваторски центар има надлежност над 36 општини и се грижи за недвижното културно наследство во нив – вели Ивановска-Велкоска.

Таа е една од соговорниците во поткастите кои се дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“ што ги изработи тимот на Умно.мк. Ивановска-Велкоска зборува за состојбата со археолошкото наследство и можностите за нивна експлоатација во развој на општините и културниот туризам.

Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на овој видео материјал, како и наодите што се изнесени во него одговорно е исклучиво Здружението „Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог“ од Гостивар и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обеднитетите нации (УНДП).

Сподели