Проекција на три филма во наредните денови ќе се одржи во киното „Киноверзум“, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела Вода. Проекцијата е во рамките на 10. издание на фестивалот „Киненова“. Парите од продадените билети ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.
Сите проекции почнуваат во 20.15 часот. Вечерва на репертоарот е иранскиот филм „Кафуле“ (93 минути), по сценарио и режија на Навид Михандуст. Улогите ги толкуваат: Масуд Карамати, Маса Маџур и Сетаре Малеки.
Публиката утревечер ќе може да ја гледа македонско-грчко-германската копродукција „Зад стоговите сено“ (1 час и 59 минути) во режија на Асимина Проедру. Играат: Статис Стамулакатос, Елени Узуниду, Евгенија Лавда, Нино Леви.
Фестивалот завршува во четврток со „На сè ќе дојде крај“ (89 минути), копродукција помеѓу Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција и Бугарија. Режисер е Рајко Грлиќ, сценариото е на Грлиќ, Анте Томиќ и Мирослав Крлежа. Улогите го толкуваат: Јелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ и Петре Арсовски.
Насловна фотографија: Сцена од „Зад стоговите сено“ (Архива)





