Поимник за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата

Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА денеска ќе одржи промоција во 10 часот во Младинскиот културен центар (Галерија 2) во Скопје на Поимникот за родово базирано насилство со (зло) употреба на технологијата. Промоцијата е дел од кампањата @bodyright на УНФПА чија цел е подигање на свеста и препознавање на онлајн родово базирано насилство, особено меѓу помладата популација.
Настанот ќе го отвори Елизабета Ѓеоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, а ќе се обратат и Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и Џон Кенеди Мосоти, директор на УНФПА за Северна Македонија.

Сподели