Првенката на Македонската опера и балет, Анастасија Низамова почина денеска. Таа е носителка на повеќе од 20 насловни и повеќе споредни улоги од својот фах, во кои демонстрира музикалност и темперамент во сценската изведба.
Низамова (1948-2022) дипломирала соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор К. Трпков), а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта Алберт Хе-ринг. Во МНТ е од 1972 година. Позначајни улоги: Орфеј (Орфеј и Евридика), Керубин (Свадбата на Фигаро), Ацучена (Трубадур), Адалџиза (Норма), Амнерис (Аида), Кармен, Розина (Севилскиот бербер), Мадалена (Риголето), Улрика (Бал под маски), Ирена (Цар Самуил).
Настапувала и на концертниот подиум со соло-рецитали, во вокално-инструментални дела и во областа на забавната музика – како интерпретатор на џез-композиции и спиритуали. Гостувала во Канада, САД, Полска, Русија.Анастазија Низамова беше една од водечките имиња на македонската оперска сцена. Дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Коста Трпков, а подоцна специјализирала во Италија.
На оперската сцена на МНТ дебитирала со улогата на Ненси во операта „Алберт Херинг“, а официјално се вработува во 1972 година. Во текот на 70-тите години, Низамова го презема речиси целиот мецосопрански фах, суверено интерпретирајќи повеќе од 20 главни и споредни улоги од својот фах, во кои манифестира извонредни гласовни квалитети и префинето чувство за артизам. Од позначајните улоги, се издвојуваат Кармен во истоимената опера, Амнерис во „Аида“, Мадалена во „Риголето“, Адалџиза во „Норма“, Орфеј во „Орфеј и Евридика“, Розина во „Севилскиот бербер“, Улрика во „Бал под маски“, Еболи во „Дон Карлос“, Лола во „Кавалерија Рустикана“, Ирена во „Цар Самоил“, Чипра во ,,Баронот циганин” и многу други.
Ќе остане запаметена и како чест изведувач на концертниот подиум, реализирајќи повеќе соло-рецитали и настапувајќи во повеќе вокално-инструментални дела. Покрај оперската музика, таа, со особено изразен темперамент се јавува и како интерпретатор на многубројни џез-композиции и спиритуали.
Во 1991 година, Анастасија Низамова Мухиќ учествуваше на југословенскиот избор на песна за Евровизија – „Југовизија“, со композицијата „Молитва“ на Григор Копров.





