На 83 години по долго боледување вчера почина легендарната Тина Тарнер, пионерка на рокенролот и голема поп ѕвезда. Таа во последните седум години се бореше рак.
Proud Mary, The Best, What’s Love Got to Do With It, Let’s Stay Together, Steamy Windows, Private Dancer се само дел од песните што Тарнер ја прославија, со својата препознатлива жар за настап на сцена. Таа се прослави заедно со тогашниот сопруг Ајк во 1960-тите, од кого се разведе во 1978 година, по долги години психофизичко малтретирање.
Тина Тарнер има освоено осум „Греми“ награди.
Животната приказна на Тина беше тема на биографскиот филм од 1993 со наслов „Што има љубовта со тоа“, кој ѝ донесе на Анџела Басет номинација за Оскар за улогата на ѕвездата; како и на хит театарскиот мјузикл – соодветно насловен „Тина: Мјузиклот“. Таа исто така беше предмет на документарниот филм „Тина“ на Ејч-Би-О во 2021.
– Луѓето мислат дека мојот живот беше тежок, но мислам дека тоа беше прекрасно патување. Колку повеќе старееш, толку повеќе сфаќаш дека не е важно она што се случило, туку како се справуваш со тоа – рече Тарнер.
Од средината на 1980-тите, Тарнер ја најде својата среќа со вториот сопруг, музичкиот директор Ервин Бац, со кого живееја во Швајцарија. Тој и донирал бубрег во 2017 година.





