Почина актерот Ричард Чемберлен

Американскиот актер Ричард Чемберлен почина на 90 години на Хаваи, од мозочен удар, два дена пред да наполни 91 година. Седум децении Чемберлен имаше богата актерска кариера. Прво се докажал во театар во „Хамлет“ и други драми на Шекспир, но тоа не му било доволно за да се пробие во Холивуд. Иако играше во филмови како „Тројца мускетари“, „Последниот бран“ и „Пеколната кула“, Чемберлен најмногу остана запаметен по водечки улоги во ТВ-проекти, што дури му го донесе статусот на „крал на минисерии“.

Во 1960-тите се прослави како докторот Килдер во истоимената серија и во тој период се испроба и како пејач, смимајќи романтични балади, а во 1980-тите се издвојуваат неговите улоги во сериите „Шогун“ и „Птиците умираат пеејќи“ и во ТВ-филмот „Борновиот идентитет“.

Чемберлен беше четирипати номиниран за наградата „Еми“. Тој беше три децении во врска со актерот и режисер Рабет.

Сподели