„Македонска алтернативна музика“ е тема во фокус на 9 издание на „АртАреа“ што го организира издавачка куќа „Бегемот“ од денеска до недела во кафе-книжарница „Буква“ во Скопје. Манифестацијата почнува вечерва со неколку разговори.
Во 19 часот за книгата „Опашка од конец“ од Оливера Ќорвезироска (Бегемот, 2025) ќе разговараат авторката, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски. Во 20 часот ќе се одржи разговор за книгата „Потклек“ од Љупчо Петрески (Бегемот, 2025). За делото ќе зборуваат авторот, Катерина Шекутковска и Душица Лазова. Терминот од 21 часот е за книгата „Небо трето“ од Ѓоко Здравески (Бегемот, 2025) за која ќе разговараат Николина Андова-Шопова и Ѓоко Здравески со музичка придружба на Дејан Спасовиќ и Перица Сарџоски. Вечерта завршува со диџеј сет на MamaMixa.





